Секој трага по нешто невообичаено, нешто извонредно. Тоа е потрага на егото, да се биде некој кој е специјален, да се биде некој кој е уникатен. Колку повеќе се трудиме да бидеме исклучок, се повеќе сме пообични. Ако станеме обични, самата потрага да се биде обичен е извонредна, зошто ретко некој сака да биде никој, ретко кога некој сака да биде само празен, неисполнет простор. Кога ќе станеме обични, ние стануваме извонредни и одеднаш откриваме дека без потрага сме станале уникатни. Во таа потрага, дојдов во контакт со себе, празен простор без почеток без крај. Тоа е вечна љубов, безвремено постоење. Го пронајдов битието, спознав Кој сум Јас!, порачува Јованова.

Нејзината цел и дела се одговор на самозапознавањето, на круцијалните прашања кои го поттикнуваат секого да е тоа што е надминувајќи се себеси и своите очекувања. Бидете дел од несекојдневната изложба и дознајте ги одговорите на тоа што го криете во себе.