Категории

Изложба: „Портрети на животни“

Високата школа за моден дизајн при Универзитетот „Евро-Балкан“ во  соработка со модната и графичка дизајнерка м-р Ленче Наумовска и  дизајнерот на накит Милан Доминик Ненковиќ, кој се јавува како  организатор и технички соработник, на 24.07.2016 год. реализираа изложба  на фотографии „Портрети на животни“, во Old School Café, во Скопје. На изложбата беа претставени триесет и една фотографија на животни од  скопската зоолошка градина.

„Преку нивните скаменети портрети се оживува нивната гестикулатија, преку  која проникливо продираме во нивната душа, битие и јасно ја гледаме  нивната емоција. Во некоја од фотографиите се чувствува потребата за  бестрашно приближување до нив. Ова приближување во некои фотографии  резултира со мала доза на надреалност и апстрактност“, изјави Наумовска и  додаде дека фотографирањето на животни претставува голем предизвик и задоволство.

Погледнете ги фотографиите од изложбата …

Прегледи:
419
Ознаки:
·
Објавено на:
27.07.2016