Категории

Изреки за смеата

Бидејќи денес е денот на смеата, споделуваме неколку цитати за смеата, како најдобар лек за лошо расположение.

„За вистински да се смеете, треба да можете да ја земете Вашата болка и да си играте со неа“. – Чарли Чаплин

„Доброто смеење е одлична работа, но е многу ретка одлична работа“ – Херман Мелвил

„Како што е сапунот за телото, така е смеењето за душата“ – Еврејска изрека

„Во најсилното смеење, универзумот ни се гледа како калеидоскоп на нови можности“ – Џин Хјустон

„Ако не се научите да се смеете кога сте во неволја, нема да имате за што да се смеете кога сте стари“ – Едгар Ватсон Хоу

„Оној кој се смее, трае!“ – Мари Петибоун Пул

„Ако може да се смеете во тешки ситуации, вие сте отпорни и на куршуми“ – Рики Герваис

„Секогаш смејте се кога можете. Тоа е евтина медицина.“ – Лорд Бајрон

„Неволјата тропна на вратата, но, кога ја слушна смеата, побрза да си оди“ – Бенџамин Френклин

„Во овој свет, добро време за смеа е секогаш кога можете“ – Линда Елерби

„Каква и да ви е болката, смеењето ќе ви помогне да ја заборавите барем на неколку секунди“ – Ред Скелтон

„Смејте се често, силно и гласно. Смејте се додека не ви снема воздух“ – Џорџ Карлин

„Не се смееме бидејќи сме среќни, среќни сме бидејќи се смееме“ – Вилијам Џејмс

Прегледи:
1131
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
01.07.2020