Категории

Изведба на операта „Кармен“ од Жорж Бизе во Национална опера и балет

Во петок, 26 ноември, со почеток во 20.00 ч. во Националната опера и балет ќе се изведе ремек- делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“ , една од најпознатите опери во историјата.

Изведбата на операта „Кармен“ е во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021.

Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш; Режисер: Нина Најденова (Бугарија); Сценограф: Елена Иванова (Бугарија); Костимограф: Марија Пупучевска; Кореограф: Олга Панго.

Во насловната улога ќе настапи Николина Јаневска, во улогата на Дон Хозе, Зоран Сотиров, Ристе Велков како Ескамилио, Сандра Митровска во улогата на Микаела, а во останатите улоги настапуваат Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска – Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернес Ибраимовски.

Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Задолжително е носење на заштитна маска.

Прегледи:
557
Објавено на:
24.11.2021