Категории

Ја истетовира лузната на својот болен син за да му ја зајакне довербата

По отстранувањето на туморот на мозокот на 8 годишниот Габриел Маршал од Кансас, на главата му остана лузна. Со цел да му ја зајакне довербата, неговиот татко одлучи да ја истетовира лузната на истата страна на главата.

Нивната фотографија за многу брзо време се прошири на социјалните мрежи Таткото Џош не очекуваше дека за кратко време фотографијата ќе предизвика многу позитивни коментари.

Таткото на Габриел најпрво ја избричи главата за да го подржи синот во тешките моменти. Одлуката да се тетовира ја донел во моментот кога го слушнал Габриел како се нарекува себе си “монструм”, поради лузната што ја имал на главата.

“Му реков дека ако луѓето сакаат да гледаат, од сега ќе не гледаат заедно” – изјави Џош.

И покрај тоа што туморот не е целосно изваден, неговата состокба моментално е под контрола. Оваа приказна ги инспирираше многу татковци чии деца се борат со магинални тумори, на социјалните мрежи да го создадат хаштагот ‪#‎BestBaldDad, што во превод значи “најдобриот ќелав татко”.

Целта на оваа акција е да се подржат татковците да си ги избричат главите во знак на солидарност кон своите деца.

Прегледи:
322
Објавено на:
22.06.2016