Категории

„Ја следам за да не ја сретнам“ – Франц Кафка

Ја сакам и не можам да разговарам со неа, ја следам за да не ја сретнам. 

Иако за секој помислата на Франц Кафка се поврзува со бизарниот свет од неговите приказни, големиот писател од Прага оставил зад себе во своите дневници и писма, подоста интимни записи за своите внатрешни немири и љубовни маки. Многу од нив се совршен приказ за отуѓените човечки односи кои се особено изразени децении откако се напишани. Особено овај:

„Ја сакам и не можам да разговарам со неа, ја следам за да не ја сретнам.
Сакав девојка која ме сакаше и мене, но морав да ја оставам. Зошто? Не знам. Ми делуваше како да ја опкружува арсенал кој секогаш ги држеше копјата вперени наопаку. И секогаш кога ќе и се приближев, налетував на острици кои ме рануваа и морав да се повлечан. Страдав многу.
Дали таа девојка беше виновна за тоа?
Не верувам, дури и сум сигурен дека не беше. Споредбата која ја споменав не беше потполна, затоа што и јас бев опкружен со арсенал чии копја беа вперени во внатрешноста, но во мене. Секогаш кога ќе и се доближев на девојката, налетував прво на сопствените копја па моето напредување запираше тука. Можеби никогаш не ни допрев до арсеналот на неа, па дури и да допрев, тоа го направив кога веќе крварев од сопствените копја и без свест.

Дали таа девојка остана сама?
Не, некој друг допре до неа, лесно и не беше спречен од ништо. Исцрпен од сопствените настојувања, само гледав на тоа така рамнодушно, како да сум воздух низ кој нивните лица се допреа. “

Прегледи:
506
Објавено на:
01.02.2020