Категории

Јапонија во пролет- моќна магија на природата

Само неколку места во светот имаат магична атмосфера , каква што нам ни нуди Јапонија…

Жив и деликатен цвет на цреша е едно од најубавите чуда на природата, прошетката низ патот распослана со ливчиња е неизбежна за восхит со нејзината убавина, убавината на овој цвет е нешто што во Јапонија можете да го доживеете на посебен начин. Јапонија како земја нуди голем број на мистицизам и сосема поинаков начин на уживање во едноставните работи, каде ништо не се сведува на сјај и гламур, само на духовно издигнување и будење на нашиот заспан дух.

Јапонците се луѓе кои имаат различен начин на живот од останатите и имаат поразлични гледишта кон стварноста и остатокот на светот. Во нивните животи, цврсто вградени се традицијата и културата и од нив ретко се отстапува. Јапонките спаѓаат во категоријата на едни од најубавите жени во светот.

Па ,едноставна прошетка низ парковите и улиците распослано со ливчиња од цреша,дефинитивно е едно магично искуство, за да може да се доживее моќта на природата што ја има таму.За да може да се претстават убавините на пролетта во Јапонија, беа ангажирани најдобрите фотографи кој низ слики ни ги прикажуваат убавините.

Во Јапонија ,цветовите цреша се сватени многу сериозно, и дури постои посебна временска прогноза со цел да се дознае како ќе влијае тоа на цветовите. ,,Цветните цреши ” се насочени кон север, односно по патот кој се нарекува sakura zensen, а љубителите на овој прекрасен феномен го пратат низ целата земја.

На крај, погледнете ја нашата галерија и уживајте во секоја слика што можете да ја видите и чудете се доколку го осетите мирисот на цреша и доколку Ви се разбуди вашата имагинација.

Прегледи:
3850
Објавено на:
27.03.2016