Категории

Јунаците од серијата Зоки Поки снимија спот за Риско на Витаминка

Започна кампањата за Риско со видео спот во кој главна улога ја имаат јунаците од детската хит серија Зоки Поки, на која Витаминка е генерален спонзор. Отсега и во ново пакување, Риско е еден од најомилените производи за децата, но и за возрасните. Па така ги освои и симпатиите на Зоки Поки, Лидија, Боки, Гоки и целата
екипа.

Новиот изглед е резултат на заложбите на Витаминка за модернизирање и стилизирање на пакувањата на своите производи. Иако со нов изглед, она што останува непроменето е препознатливиот квалитет и чоколаден вкус, што го прави да биде совршено вкусен и крцкав какао десерт.

Спотот се снимаше во автентичен амбиент од серијата, а при процесот на снимање беа преземени сите мерки на претпазливост, а согласно пропишаните протоколи.

Видео спотот е достапен на линкот.

Прегледи:
782
Категории:
Видео
Објавено на:
23.07.2020