Категории

Каде сакаат мажите да ги допирате?

Не треба да сте генијални, за да откриете на кое место треба да го фатите за да се возбуди за две секунди. Но, постојат уште некои точки за дополнителна страст и поинакво доживување.

Како делуваат?

Новите зони ја зовриваат крвта низ целото тело. Ја зголемуваат сексуалната тензија и интензитетот на оргазмот. Со самото тоа што никогаш никој не посветил внимание на тие зони, дополнително ја разгорува тензијата.

Г- точка

Не сте само вие благословени со оваа моќна точка. Машката Г- точка или простатата, е магичното копче кое со едно притискање ќе го доведе до лудило. Се наоѓа помеѓу анусот и тестисите.  До неа може да се стигне само со прсти ,евентуално и со играчки, во анусот правејќи притисок врз простатата. Гарантиран е експлозивен оргазам за помалку од минута стимулирање на простатата, жлездата. Ве советуваме да побарате согласност од партнерот за оваа изведба. Доколку се двоуми, објаснете му ја постапката и задоволството. Ако е некој поконзервативен може и да ве одбие.

Коса

Веднаш ќе се наежи ако почнете да си играте со неговата коса. Интензитетот е најголем кај косата до ушите и доле на вратот. Освен со рацете, милувајте го и со лицето, бутајте се во неговата коса со засилено дишење за да ја почувствува вашата топлина. Почнете да го бакнувате почнувајќи од увцето, вратот па се до рамената.

С- точка

Можеби сте слушнале дека и увото е силна ерогена зона. Тоа мало делче од телото може да го возбуди целиот организам. Се што треба да направите е нежно да ја бакнувате С точката по нејзината линија. Потоа употребете малку јазик, позади увото бидејќи тука има најмногу нерви завршетоци. За крај завршете со малку шмукање. За поголем ефект додека го изведувате ова, можете да го стимулирате и пенисот.

Околу пенисот

Се што се наоѓа на радиус од 20 см, околу неговиот пенис, е одлична стимулативна зона. Значи можете да ги милувате препоните, стомакот и бутините. Доволно е со усните да допрете до овие делови и видите како ќе потскокне. Конкретно за стомакот, посветете внимание два прста под папокот.

Брадавици

Исто како и вашите и неговите брадавици се осетливи. Има некои мажи што не сакаат никој да им ги задева, затоа прашајте го дали му се допаѓа. Ако добиете зелено светло, тогаш почнете да ги бакнувате и околу нив да поминувате со јазикот. Има едно правило, не значи дека ако е машко дека треба да бидете груба. Бидете нежна и нежно грицкајте ги.

Внатрешна страна на рацете

Иако се мажи, кожата на овој дел од рацете е понежен и од женските. Мазна и затегната како на бебешка. Што значи, треба внимателно да ги галите со дланката и на моменти притиснете. Сигурно ќе го скокотка, но вие продолжете со бакнежи, додека со рацете стимулирајте некој друг дел.

извор:боза.мк

Прегледи:
1090
Ознаки:
· ·
Објавено на:
18.08.2017