Ријалити ѕвездата Кајли Џенер изминатите денови била со својата сестра Клои Кардашијан која се породи пред време, откако дозна дека своето момче ја изневерува.
Кајли се појави на фестивалот „Коачела“, а нејзиниот потполно поинаков изглед привлече големо внимание. Младата мајка која очигледно има желба за забава па поради тоа присуствуваше на фестивалот, а ќерката Сторми останала со нејзината сестра, искусната мајка Кортни Кардашијан.
Она што веднаш се забележува е огромната промена во нејзиниот изглед, розевата коса, а на својата фотографија Кајли напишала: „Јас не сум обична мама, јас сум кул мама“.