Јирка Винс Јонатан Ватајнен е графички дизајнер и илустратор од Финска кој се обидува на уникатен начин да ги прикаже дизниевите ликови. Минатата година, тој започна со илустрирање на дизниевите принцези. Достигна неверојатен успех и неговиот талент стана препознатлив меѓу општеството.
Како што можете да видите од неговите дела, неговата цел е да ги претстави злобните ликови колку што е можно пореално. Користејќи комбинација од дигитална композиција, фото манипулација и дигитално сликање, Ватајнен додава сосема малку морбидно реална димензија на дизниевите речиси непобедливи ликови. Погледнете само дел од нашите омилени дела!