Категории

Како да бидете „утринска птица“ и да ги надминете препреките кои ве спречуваат да станувате рано

Дали посакувате да сте ранобудник? Да можете да станете од кревет во 5 часто наутро без никаков проблем и да го почнете денот со насмевка наместо да извикувате погрдни зборови кон алармот и да брзате затоа што сте се успале? Сигурни сме дека сакате да ја дознаете тајната на ранобудните луѓе како успеваат во тоа. Се се крие во добрата стратегија, и секако желбата и мотивацијата. Подолу ви откриваме како успешно да станете „утринска птица“.

Носете маска за спиење
Иако ова гласи како мит, истражувачите докажуваат дека е вистина. Оние кои луѓе кои носат маска за спиење имаат значително поквалитетен сон.

Правете нешто што ќе ве опушти
За побрзо да заспиете правете нешто што ве опушта. Било да е тоа топла купка пред спиење, слушање инструментална музика, читање во кревет или топол чај.

Избегнувајте да гледате телевизија или да седите на компјутер
Овие активности му пречат на вашиот мозок да се опушти и да премине во фазата која ќе ве доведе до побрз сон. Избегнувајте ги и наместо тоа читајте некоја книга.

Јадете лесна храна пред спиење
Многу е важно храната која ја конзумирате пред спиење да биде лесно сварлива со цел да немате мачнини во текот н аспиењето.

 

Прегледи:
557
Објавено на:
03.09.2019