Дали некогаш сте пробале да откачите некој кој не ви се допаѓа, но не сте успеале на ниеден начин?
Ова може да е дечко за кој вие едноставно не сте заинтересирани, но тој е заљубен во Вас или личност која едноставно не ја поднесувате. Ако сакате да ја исфрлите оваа личност засекогаш од Вашиот живот, наједноставен начин е или да се соочите со неа или да ја избегнувате додека сама не сфати дека немате никаков интерес за неа. Но, ако некој навистина не разбира дека не сакате да поминувате време со него, во тој случај може грешката е во Вас. Еве неколку чекори кои ќе ви помогнат
Соочете се
Направете план што ќе кажете
Ако одлучите да се соочите со личноста и да и кажете дека не сакате да се дружите повеќе, треба внимателно да направите план точно што ќе кажете. Ако не ги изберете зборовите паметно, може да ве сфатат несериозно.
Ако планирате да се соочите и да и кажете дека не сакате да комуницирате повеќе, мора да го најдете најдобриот начин да го објасните тоа.
- Ако личноста е навистина досадна, а вие немате срце да го кажете тоа, само кажете дека не уживате во пријателството, дека е штетно за вас, или дека сакате да бидете подалеку од него/неа- трајно.
- Ако имате поконкретна причина, како на пример: личноста ве прави да се чувствувате лошо, секогаш зборува за себе и не слуша никого, или е злобна кон вас, тогаш може и ова да и го кажете.
- Ако не сакате да бидете искрени за да не предизвикате коннфликт, може да му/и кажете минувате низ тежок период и сакте да сте сами или дека сакате да се фокусирате на обврските, работата, студирањето.
Кажете и на личноста дека ставате крај на пријателството
Изберете место и време каде што ќе бидете сами и кажете што имате да кажете. Застанете малку подалеку од личноста и не и давајте прилика да проба да ве премисли, да ве допира или да проба да Ве гушне. Не го должете муабетот.
Гледајте во очи, без да го тргате погледот, покажете дека навистина го мислите тоа што го зборувате.
Ако продолжи да ве контактира, иако јасно сте дале до знење дека не сакате контакт:
Игнорирајте ги повиците
Без разлика колку често личноста ви ѕвони или пишува, не одговарајте, дури и да звучат очајно пораките кои ги добиват. Ако личноста ве следи, направете да е очигледно дека одговарате на пораки и повици и дека намерно не и одговарате само нејзе. Ако ве праша ,,Дали виде дека те барав?’’ изгледајте збунето, како да не знаете за што Ви зборува.
Игнорирајте ја на социјалните мрежи
Избришете ја од сите социјални мрежи каде сте биле пријатели, за да сфати дека навистина не сакате да биде дел од вашиот живот повеќе. Доколку продолжите да комуницирате на некоја социјална мрежа, личноста незабележително и постепено пак ќе проба да биде во ваша влизина не само во виртуелниот, туку и во реалниот свет.