Категории

Како да ги пораснете трепките за една недела?

Кој не сонува да има долги и густи трепки? Докажано е дека трепките се оние кои го прават окото да изгледа прекрасно. Но не е секој роден со големи и густи трепки, затоа постои трик кој ќе ви помогне вашите трепки да станат подолги и погусти за една недела.

Постојат неколку природни масла кои ќе треба да ги измешате во мала тегличка и притоа миксот од масла да го нанесувате на вашите трепки секоја вечер во текот на една недела и притоа ке забележите промена кај вашите трепки дека се поголеми од вообичаеното.

За овој трик потребно ќе ви биде:

  1. Витамин Е масло
  2. Рицинусово маскло
  3. Кокосово масло
  4. Мала тегличка или било какво мало стаклено садче во кое ќе можете да направите микс од трите масла

Пред да го нанесете миксот од масла на вашите трепки исчистете го окото доколку предходно имате нанесено шминка. Доколку не сакате да нанесувате со прст, тогаш земете четка од стара маскара, исчистете ја убаво да нема остатоци од маскарата на неа и потоа можете да ја користите. Препорачливо е миксот од масла да го нанесувате пред спиење на вашите трепки за може да делува во текот на ноќта.

Прегледи:
916
Објавено на:
29.08.2016