Категории

Како да го подобрите варењето во организмот додека патувате?

Често се случува за време на одморот да имаме проблеми со варењето или запек. Запекот може да биде предизвикан од стрес поради промена на локацијата, промена во исхраната, прекумерно консумирање алкохол, недостаток на спиење или “нездрав” начин на живот.

За да избегнете запек додека патувате, следете ги овие совети:

Повеќе влакна
Воведете повеќе влакна во исхраната. Ова е наједноставниот начин да го подобрите варењето на храната. Влакната го стимулираат варењето и ја омекнуваат столицата. Конзумирајте повеќе овошје и зеленчук.

Чести и мали оброци
Јадете почесто и консумирајте помали количини на храна. Ова го забрзува метаболизмот и го намалува гладот.

Јогурт и кефир
Млечните ферментирани производи се полни со пробиотици кои го задржуваат здравјето на дебелото црево и ја стимулираат дигестивната активност. Покрај тоа, јогурт и кефир го хидратираат организмот.

Активен јаглен
Според истражувањето, активниот јаглен може да го исчисти телото од отрови предизвикани од лекови, алкохол и други штетни супстанции. Активниот јаглен, исто така, помага при нередовни столици и дијареа.

Која храна треба да се избегне?
Неопходно е да внесувате одредени видови храна, а некои намирници треба да се избегнуваат. Избегнувајте бел леб, кофеин, алкохол, шеќер, сирење, млеко, јајца, пржена и брза храна.

Прегледи:
487
Објавено на:
06.11.2018