Категории

Како да го стимулирате сопственото производство на хијалурон во кожата?

Без оглед на возраста или генерацијата, стареењето на кожата е тема што сите ги возбудува, и сите ние сме фокусирани на тоа како да го забавиме овој процес.

Грижата најчесто започнува во текот на третата деценија, кога започнуваат првите знаци на стареење. И тогаш сите зборуваме за една конкретна активна состојка хијалуронска киселина – сопствена состојка против стареење на кожата што ги исполнува и ги елиминира фините линии и брчки.

Eucerin® e првиот дермокозметички бренд кој успешно ја воведе хијалуронската киселина во формулите за нега против стареење на кожата. Но, за жал, хијалуронската киселина останува во нашето тело кратко време – од неколку часа до еден ден. Се распаѓа на два различни начини – под влијание на слободните радикали и под влијание на ензимот наречен хијалуронидаза. Покрај тоа, способноста на нашата кожа да ги надополни своите резерви на хијалуронска киселина почнува да опаѓа на возраст од околу 20 години и уште повеќе слабее со текот на времето.

Губењето на хијалуронска киселина се јавува истовремено и во епидермисот и во дермисот. Тоа се гледа како губење на хидратација и појава на фини линии и брчки. За да се избегне дегенерација на кожата на рана возраст, препорачливо е да се започне на време со поддршка на производството на сопствена хијалуронска киселина и заштита на кожата од нејзино губење.

Најновата генерација на Hyaluron-Filler обезбедува троен ефект (пополнува брчки, го стимулира сопственото производство на хијалурон во кожата, и го одржува нивото на хијалурон во кожата) благодарение на високо- и нискомолекуларната хијалуронска киселина, сапонините и новата состојка – еноксолон. Глицин-сапонинот го поддржува производството на колаген и ја зголемува неговата концентрација за 49% . Додека активната состојка еноксолон добиена од коренот на растението сладунец, го спречува распаѓањето на хијалуронската киселина под дејство на ензимот хијалуронидаза за повеќе од 50%.

Уникатната комбинација на овие состојки овозможува задржување на влагата во кожата, добра хидратација, и поттикнување на биолошката способност на кожата да произведува повеќе хијалуронска киселина. Придонесува за 200% зголемена количина на хијалуронска киселина во неколку слоеви на кожата, и поголема ефикасност во борбата против брчките.

Производите за нега на возрасна кожа на брендот Eucerin® докажано им помагаат на жените од сите генерации да се грижат за себе и да се чувствуваат силни и сигурни.

Прегледи:
661
Објавено на:
11.11.2021