Категории

Како да го убедите мажот да ви помогне со домашните обврски

 

 Истражувањата покажуваат дека мажите кои помагаат во домашните обврски имаат посреќни и позадоволни партнерки, што значи дека на сите ќе им биде подобро ако работата во домот се подели.

Еве неколку совети како тоа да го постигнете…

1. Работете помалку

Намалете ги малку своите стандарди на чистота и пробајте поретко да ги извршувате сите работи.

Покажете му на вашиот сакан како се пеглаат кошулите и оставете го сам да го прави тоа.

2. Изедначете ги обврските

Пресметајте колку време трошите на готвење, перење, пеглање, чистење и споредете ги со времето кое вашиот партнер го посветува на неговите задачи во домот.

Ако излегува дека вие работите најмногу договорете се како рамноправно да ги расподелите обврските.

3. Заведете го

Истражувањата покажуваат дека мажите кои помагаат во домот сексуално повеќе ги привлекуваат своите жени.

Наговестете му дека тоа се однесува и на вас. Со рацете прегрнете го околу половината додека мие садови и шепнете му нешто заодливо на уво.

4. Објаснете му дека тој е пример за децата

Ако вашиот маж не помага во домашните работи тогаш тоа однесување ќе го наследат и децата. Децата се гледаат и потоа ги имитираат своите родители. Затоа е важно да го видат како учествува во поделбата на домашните обврски.

5. Ако ништо не успее

Ако ниту еден од овие совети не го убеди вашиот сакан да помогне обидете се да завршите вие дел од обврските, а за другите платете помош.

Зошто? Затоа што ако партнерот не помага доволно во домот тогаш треба да е во можност да плати некој кој ќе го заврши неговиот дел од работата.

Ако е штедлив или не може да си го дозволи тој луксуз веруваме дека на крај ќе ги засука ракавите и ќе се фати за работа.

Прегледи:
351
Објавено на:
04.10.2016