Категории

Како да изгледате скапо, а да не потрошите цело богатство?!

Скапоцениот изглед е дефинитивно оној кој најдобро поминува и изгледа. Но, ова не мора да значи дека за секое парче треба да потрошите цело богатство. Тоа е причината зошто имаме неколку едноставни совети кои ќе постигнат токму таков скапоцен изглед.

1. Мал црн фустан – пожелно е да се оди до колената и да е без ракави, од тенок материјал, што е добра појдовна точка за секоја комбинација.

2. Подигнати / завратени ракави придонесуваат за добра динамика кога станува збор за текстури.

3. Штом белото парче менува боја, односно посивува, тоа не треба да се носи. Значи, само снежно бело!

4. Мат кожата изгледа подобро од сјајна.

5. Добри очила за сонце се најдобриот накит за глава што постои.

6. Земјените тонови (маслиново-зелена, кафеава) го прават парчето да изгледа постаро отколку што е. Подобро е да се фокусирате на црна, заситена, полна боја и / или пастел.

7. Парчињата во монохроматски црни или кафеави стајлинзи, треба да бидат во иста нијанса.

8. Благо шпицасти чевли се поформални од оние со тркалезни или квадратни краеви.

9. Големо, пренагласен накит го покренува целиот стајлинг на повисоко ниво.

10. Ленено, памучно и кадифено се најдобрата опција за модерен изглед.

Прегледи:
394
Објавено на:
27.03.2018