Категории

Како да ја препознаете туѓата љубомора и завист

Само некој кој ви завидува може да ги направи овие нешта.

Ако знаете каде е проблемот, тогаш веројатно полесно ќе се носите со него зарем не? Ви откриваме неколку сигнали според кои можете да препознаете дали некој е љубоморен на вас и на она што го правите, па наместо да се чувствувате лошо како и што би посакувала таа личност, можете да бидете горди.

1.Дали некогаш сте постигнале нешто големо и некој ви рекол дека тоа е глупо? Се почнува уште во училиште. Кога некое дете има добри оценки, другите го викаат бубалица наместо да го пофалат. Размислете, да не се другите љубоморни на вас поради што би се обиделе да ви го уништат расположението и не би ви честитале поради големиот успех? Освен поради тоа што потајно и тие го посакуваат тоа..

2.Ве игнорираат вам или темата. Некој кој е љубоморен на вас не може да ве гледа во очи и се обидува максимално да ја избегнува темата, а ако ја зборувате на таа тема ќе се прави како да му е неважна и воопшто не го интересира.

3.Личностите кои се љубоморни на вас, нема ништо да ви кажат во лице туку ќе ве оговараат зад грб.

4.Ве исклучуваат. Се забавуваат и ги повикуваат сите на забава освен вас, бидејќи не сакаат вие да го одвлечете сето внимание.

5.Ве мразат без никаква причина. Вие си ја работите сопствената работа и она што не ги интересира другите, нити влијае на нив, а тие сепак ве мразат? Веројатно поради тоа што го имате, па ве мразат бидејќи и тие го посакуваат истото.

6.Ве навредуват. Доколку ви се подбиваат со ситни навреди кога и да пронајдат прилика, а вие ништо не сте им направиле нити сте им рекле, веројатно дека ви се многу завидни, на тој начин сакаат да ја покажат својата надмоќ.

7.Ги припушуваат заслугите на некој друг. Неважно што сте направиле, заслугите за тоа ќе ги припишат на некој друг. Сте испаднале добро на фотографијата? Тоа е поради светлото и добриот апарат, сте завршиле докторат? Тоа е поради тоа што сте можеле лесно да го платите.

8.Ќе се боидат да ви створат лошо чувство за се добро што сте направиле.

Прегледи:
1511
Објавено на:
24.10.2019