Категории

Како да ја пронајдете ВИСТИНСКАТА ЉУБОВ во вашиот живот

Љубовта е искрата што го одржува човечкото срце светло, чисто и отворено. Меѓутоа, во свет полн со турбуленции, вознемиреност, токсични луѓе и емоции, како да се најде вистинската љубов што ја загрева душата?

Еден од цитатите на свети Нектариј Егински ја открива тајната за привлекување љубов во животот – “Љубовта, раѓа љубов. Љубов добивате само кога им ја давате на другите! Само кога сакате се чувствувате добро”. Она што го испуштате и давате е она што се враќа. Ако ја шириш енергијата на љубовта, несебично ја даваш, таа се пали во тебе и се враќа кај тебе.

Човекот е направен од љубов, таа нè движи, не мотивира, често е пресудна за среќата. Затоа е добро да се сака – сакај и ќе бидеш сакан. Тоа е единствениот вистински пат до љубовта за која сонувате.

„Љубовта е дар од Бога,
благодатта Божја што се дава на чистата душа,
која ја посетува душата и ѝ се открива“.

Прегледи:
415
Објавено на:
05.07.2022