Категории

Како да не ја расипеме маскарата на високи температури?

Еве 4 начини како да ја спречите појавате на овој проблем!

Повеќето од нас за проблемот со стопената маскара и маскарата што се размачкува околу очите ја обвинуваат лошата маскара. Сепак, честопати маскарата не е виновна, туку лошата подготовка пред нанесувањето. Исто така, постојат жени кои целосно престанале да користат маскара, обвинувајќи ги своите спуштените очни капаци или необичниот пад на трепките, но ние одговорно тврдиме дека секој може да користи маскара. Потребно е само да воведете неколку чекори во вашата секојдневна рутина.

Прескокнете кремасти препарати – тоа не значи дека дневниот крем треба целосно да се исфрли, туку да се избегнува во пределот околу очите или да се нанесе дваесетина минути пред шминкање, за да се апсорбира. Можете исто така да барате крем за нега на подрачјето околу очите, во гел формула и така маскарата помалку ќе се размачка. И, секако кремастите сенки можат да се заменат со оние во прав за да се спречи „ефектот на панда“.

Избришете ја – можно е вашите очни капаци да бидат мрсни од остатокот на лицето, па затоа е клучно да се исуши местото пред примена на шминка. Најдобар трик? По чистењето изберете марамче за матирање на база на ориз (оризот ја апсорбира маснотијата) и нежно притиснете го на пределот под очите.

Прајмер – Употребата на прајмер во секојдневното шминкње е сè уште невообичаено за повеќето жени, а особено употребата на специјален прајмер за пределот околу очите. Со нанесувањето на прајмер на пределот околу очите пред шминка, обезбедувате свеж изглед во текот на денот. Поточно, сенката нема да се избрише, а маскарата нема да остави размачкани црни дамки околу очите.

Прегледи:
435
Објавено на:
24.08.2019