Категории

Како да подготвите совршен печен компир?

Компирот е секогаш совршен избор како прилог во оброкот. Подгответе совршен печен компир и израдувајте ги вашите најмили.

За да подготвите совршен печен компир ќе ви бидат потребни:

  • 1 кг компир
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица морска сол
  • бибер
  • 2 гранки свеж рузмарин

Компирите се варат се додека не бидат целосно сварени. Потоа треба да ги исцедите, да додадете масло, сол, бибер и рузмарин. Загрејте ја рерната на 220 степени. Компирот ставете го во тава и печете околу 25 минути.

Компирот комбинирајте го со пилешко месо, брокула или како салата.

Добар апетит!

 

Прегледи:
913
Објавено на:
30.10.2018