Категории

Како да се облекувате како вистинска дама: Најдобри трикови со гардеробата! (ФОТО)

Со проѕирна гардероба и анимал принт најлесно е да погрешите

Многу жени прават грешка при облекувањето во желбата да изгледаат што е можно “поскапо”. Дури и со поевтина гардероба може да изгледате скапоцено ако се искомбинира и се носи на вистински начин!

Во продолжение  дознајте кои се вообичаените грешки кои што можете да ги направите, за да не изгледате ефтино:

 

  1. Со анимал принтот, најчесто можете да погрешите. Затоа, избегнувајте парчиња облека што се целосно покриени со анимал принт. Анимал принтот е убави на детали, како што се шарпите или шаловите.
  2. Кога станува збор за црна боја, водете грижа да не изгледа избледено.
  3. Фустаните или блузите со премногу отворено деколте можат да изгледаат прилично невкусно. Во овој случај, помалку е секогаш повеќе. Значи, не треба премногу да се откриваат градите.

4. Високите потпетици се секогаш добар избор, но не и оној со преголема платформа. Класичните салонки се резервирани за дамите.

5. Облека во погрешна големина. Значи, ни премала ни преголема.

6. А кога станува збор за чипка, колку и да е во тренд, не треба да се претерува. Секогаш е подобар избор на парчиња облека со детали од чипка, отколку целите покриени со чипка.

7. Заборавете на маиците со огромни натписи од некоја добро позната марка кои не се оригинални. Зошто едноставно да не облечете обична бела маица која во комбинација со фармерки или панталони, може да изгледа толку софистицирано?

8. Кога станува збор за боите, неонските треба да се избегнуваат. Секогаш е подобра опција маслиново зелена, тегет, бордо…

9. Со проѕирната гардероба секогаш може да се погреши.

10. Со сандали чорапи никогаш не се носат, запомнете го ова, бидејќи трендот не е добар стил или луксузен изглед!

Прегледи:
693
Објавено на:
06.03.2020