Категории

КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД МОЗОЛЧИЊАТА СПОРЕД НИВНАТА МЕСТОПОЛОЖБА?

Се појавуваат како реакции на телото на пореметувањата во организмот, најчесто во пубертетот или по пораѓањето.

Ова е карта која ќе ви покаже каде најчесто се појавуваат и како можете да ги спречите според местоположбата.

1. Мозолчиња на брадата, вилицата и вратот

Причина: Менструален циклус

Хормоните како што е тестостеронот се менуваат за време на менструалниот циклус и жлездите произведуваат повеќе масти. Мастите ги запушуваат порите на кожата и предизвикуваат појавување на мозолчиња токму на овие делови од лицето.

Како да се ослободите од нив?

Најдобро е да започнете со чистење на лицето неколку дена пред менструалниот циклус. Користете средства за чистење кои се на база бензоил пероксид.


2. Мозолчиња на корените на косата

Причина: Производи за коса

Мастите од производите за коса се спуштаат надолу и настанува запушување на порите на кожата.

Како да се ослободите од нив?

Избегнувајте нанесување на производи за обликување на косата и при допирањето на косата мијте ги рацете. Ако забележите дека почесто се јавуваат мозолчињата, сменете го и шампонот за коса.


3. Мозолчиња околу усните

Причина: Исхрана

Некои од покиселите состојки или лимонските киселини може да ја надразнат кожата и да предизвикаат нејзино воспалување. Додатно на тоа, масната храна предизвикува запушување на порите и добивате мозолчиња.

Како да се ослободите од нив?

После секој оброк детално очистете го лицето или избришете ги усните со мокри марамчиња. Почесто користете балсам за усни и нанесувајте го на усните, а не и околу нив.


4. Мозолчиња на образите

Причина: Бактерии и прашина

Колку повеќе го допирате лицето со вашите раце, толку повеќе нанесувате на него бактерии кои предизвикуваат воспалување на лицето.

Како да се ослободите од нив?

Со себе секогаш носете антибактериски влажни марамчиња и почесто чистете го лицето со нив.


5. Мозолчиња на носот и челото

Причина: Стрес

Напорните денови предизвикуваат додатно лачење на адреналинот кој предизвикува лачење на масти во Т-зоната, а со тоа и појава на мозолчиња.

Како да се ослободите од нив?

Лицето мијте го двапати дневно. Ако знаете дека ве очекуваат стресни денови започнете со темелно чистење на лицето.

Прегледи:
348
Објавено на:
19.05.2018