Категории

Како да се спасите од ‘рчењето? Ова се трикови кои ќе ви помогнат

Луѓето најмногу ‘рчат кога спијат на грб бидејќи воздухот кој се вдишува се судрува со ткивото во грлото и создава вибрација позната како ‘рчење.

Спиењето на страна, диета или прочистување на носот се некои од решенијата…

1. Затворете ја устата

Ако спиете со отворена уста, воздухот кој го вдишувате од устата и носот го удира мекото ткиво на страничниот дел од грлото и создава вибрација, карактеристичен звук наречен ‘рчење. Околу 45% од возрасните понекогаш ‘рчат, а 25% редовно ‘рчат, а најчеста причина за тоа е дишењето низ уста.

2. Отпушете го носот

Запушениот нос, поради кој сите ‘рчат, може да се отвори со помош на разни солени продукти кои брзо го разредуваат и ја отстрануваат слузокожата насобрана во синусите и носната шуплина.

3. Намалете ги масните наслаги околу вратот

Масните наслаги околу вратот ги стегаат дишните патишта. Почесто се појавуваат кај мажите отколку кај жените, па тоа е една од причините зошто мажите во просек повеќе ‘рчат од жените. Кај жените, една од причините за ‘рчење е краткиот и дебел врат. Кај овој проблем единствено решение е губењето на тежина.

4. Проверете го загризот

Повлечената вилицата може да предизвика ‘рчење, бидејќи во текот на спиењето јазикот најверојатно ќе се спушти кон грлото и ќе им попречува на дишните патишта. Најлесно е да проверите кога ќе загризете и ако горната и долната вилица не се порамнети, имате погрешен загриз.

5. Спиење на страна

Најмногу ‘рчат луѓето кои спијат на грб, затоа добра идеја е да се обидете да спиете на страна. Денес постојат и перници специјално дизајнирани за луѓе кои сакаат да спијат на страна.

Прегледи:
447
Објавено на:
01.04.2018