Мистер Бин со сигурност го обожувате и вие, а како и не би го обожувале кога е бесконечно духовит? Роуан Аткинсон е главниот виновник за тој заразен хумор, кој што нè освои сите нас со улогата на трапавиот Мистер Бин.
Актерот ја има ќерката Лили, но и синот Бенџамин, од бракот со Сунетра Састри, со која што се ожени во 1990-та година, а од која што неодамна и се разведе.
Лили се занимава со глума, па зад себе има и повеќе улоги од кои што би ги издвоиле оние во филмовите “Mr. Bean’s Holiday” (2007), “Johnny English Reborn” (2011) и ” Tooth” (2004).
Наследничката на прочуениот комичар се занимава и со музика, а редовно ја следат и коментарите дека е – едноставно преубава.