Категории

Како ќе препознаеш Македонец на плажа?

На плажа може да видите секаков народ, но поради специфичноста на нашите карактери, лесно е да се препознае Македонецот… во нас. Еве и како!

 

1. Стануваш во 4 наутро да зафатиш 6 лежалки- 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После се враќаш во кревет и спие до 12 на пладне.

2. На просечен Македонец му требаат 8 квадрата – 5 за пешкирот и 3 за апостолките.

3. Треба да се понесе лап топ, ајпод, таблет, камера, мобилен и фотоапарат за да се прати слика на Фејсбук.

4. Книга не смее да се носи… фаќа баеги простор у куферот, а и многу тежи.

5. Ако немаш чадор за сонце, намести се така што чадорот на комшиите ќе те покрива и тебе после ручек. Не си ти крив што не испланирале.

6. Радиото треба да свири турбо фолк, а мобилниот класика.

7. За деца до 12 год. нема потреба да се инвестира во купаќи. Деца се.

8. Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од дистанца, од едно 200-250 метри, со јака децибелажа.

9. Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги исплескаш. Да се види кој е алфа-маж.

10. Најголем гушт е лубеница да се јаде на плажа, а корупките да се остават покрај кантата. Да не се мачат осите да влегуваат во кантата.

11. Цигарите најубаво се гасат збрцани у песок до филтер. Со кармин на пикавецот, да се знае која е лејди – Малборо!

12. Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка од Лебане код Лесковца, што лежи едно пет лежалки подалку од твојата.

13. Зимаш пиво, пивнуваш две голтки, одиш на пливање и после зимаш ново, ладно. Затоа е ол – инклузив!

14. Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси, шо побрзо да им спадне јадењето, за  после да заспијат поубаво.

15. Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зошто те бараат дури од Македонија, па не се слуша.

16. Купаќите најубаво се сушат опнати на чадорот горе.

17. Шведската маса е за да земеш од се и најдобро во иста чинија… Кој вика дека не идат заедно риба и баклава?

18. Не си бил на море ако не купиш оригинален Луј Вутон од црнците на плажа.

19. На децата им купуваш свирчиња, зашто вувузелите се потрошиле.

20. Кога цел хотел ќе си легне, излегуваш на балкон и играш јамб или табла со пластични зарови до 4 сабајле. Пред да си легнеш, за да го затвориш кругот од претходниот ден, у 4 сабајле тркнуваш инкогнито до плажа и ги местиш пешкирите за после.

Прегледи:
524
Објавено на:
15.06.2017