За секоја жена е многу важно да се грижи за своето интимно здравје, особено во студените зимски денови. Интимниот дел е еден од поосетливите делови на женското тело, затоа е многу важно да се обврнува внимание на неговата нега. Во студените денови заборавете на модата и облекувајте се топло.
Дознајте повеќе за тоа како студените денови влијаат на вашето интимно здравје.
Помали шанси за инфекции
За време на зимскиот период шансите за појава на инфекции се помали. Тоа е така бидејќи помалку сте изложени на топлина и сонце и со тоа се намалува потењето и влажноста на вагината, а со тоа се спречува развивањето на инфекции и бактерии. Затоа за време на студените денови кај девојките и жените е помала можноста за појава на бактерии и инфекции во интимниот дел.
Ладното време е повод за секс
Поради ниските температури сите практикуваат поголем дел од времето да го поминуваат дома, затоа можноста за водење љубов се зголемува. Исто така, сексот е начин за да се згреете во студените денови, а на тој начин позитивно влијаете на здравјето на целото ваше тело.
Недостаток на витамин Д
Недостатокот на овој витамин, којшто го примаме преку сонцето и сончевата светлина, може да наштети на интимното здравје. Поради недостаток на сонцето, се зголемува ризикот на бактерии. Затоа, во зима трудете се повеќе да конзумирате храна којашто е богата со витамини, како на пример риба и рибино масло, сирење, жолчка од јајце.
Настинките влијаат на интимното здравје
Поради ниските температури често настинуваме и внесуваме апчиња и антибиотици во организмот со цел да го излегуваме грипот или настинката. Но, забораваме дека овие лекови ја нарушуваат pH вредноста и флората. Затоа, доколку морате да конзумирате антибиотици и какви било апчиња, во меѓувреме внесувајте и пробиотици и витамини со цел да ја неутрализирате штетата.