Категории

Како настанува „пивскиот“ стомак и како да го избегнете?

Алкохолните пијалоци може да бидат многу калорични. Јаглехидратите и протеините имаат четири калории по грам, додека мастите имаат девет. Алкохолот има седум калории по грам и е обработен поинаку од останатите макронутриенти за кои знаеме (јаглехидрати, протеини, масти).

– Нашето тело алкохолот го идентификува како токсин и работи забрзано за да се исфрли од организмот – објаснува фитнес стручњакот Оби Обадајк за порталот bodybuilding.com.

Алкохолот, кога станува збор за здравјето, има исклучително лоша репутација, и тоа не само поради своите високи калориски вредности, туку и затоа што го забавува нивото на оксидација на мастите во организмот, односно количината на масти коишто нашето тело ги согорува. Внесот на алкохол го забавува согорувањето на мастите, па така не сме во состојба да ги согориме мастите од другата храна што ја консумираме. Алкохолот ја намалува количината на лептин во нашиот организам, хормон којшто е одговорен за чувство на ситост. Доколку сте сериозни во намерата да ослабнете, тогаш најдобро е алкохолот да го избегнувате во целост. Сепак, доколку сакате да ја задржите својата телесна тежина, а понекогаш и да се дозволите по некој пијалак, обрнете внимание на следното:

– Избегнувајте го прејадувањето
– Воздржете се од консумирање храна кога сте пијани. Ако веќе тоа го правите, избегнувајте мрсни хамбургери и слични производи и подобро изберете некоја поздрава варијанта.
– Причината поради кој луѓето кои често пијат се дебелеат е фактот дека тие кога се пијани често многу јадат, бидејќи во таа состојба не можат рационално да ја согледаат количината на храната што ја внесуваат во организмот.
– Еден пијалак во просек содржи 100 калории, ако испиете неколку и во својот дневен внес на калории го додадете и тој збир – крајниот резултат е многу јасен.
– За да го избегнете прејадувањето по алкохолот, потрудете се да јадете пред да почнете да пиете.
– Одбирајте пијалаци што содржат помалку шеќери
– Слатките пијалаци, како што е маргаритата, имаат двојно или тројно повече шеќери и калории од, на пример, текилата.
– Наместо слатки коктели одбирајте „чисти“ пијалаци како вотка, црвено или бело вино, пиво или шампањско.
– Наредниот ден јадете здраво.
– По пијанството доаѓа мамурлакот, а со него и потребата да лежите на каучот цел ден со брза храна и спиење. Без оглед на тоа колку тешко изгледа, наредното утро присилете се самите да излезете на прошетка или трчање. Пијте многу течности, јадете многу зеленчук и овошје со кои ќе ги надоместите сите хранливи материи кои на својот организам сте му ги скратиле претходната ноќ.
– Бидете умерени. Токму како и во сè во животот, клучната работа кога е во прашање алкохолот е умереноста. Американскиот институт за злоупотреба на алкохолот и алкохолизам советува дека мажите би требало да се држат до количината од најмногу 14 пијалаци неделно.

Прегледи:
396
Објавено на:
12.07.2016