Категории

Како правилно се мијат рацете?

Во само еден грам човечки фекалии има околу еден трилион бактерии, затоа помислете на ова кога следниот пат ќе одите во тоалет.

И покрај огромната важност на миењето на рацете, многумина од нас не го прават тоа доволно добро. Неодамнешните истражувања покажуваат дека после употреба на тоалет, само 5% од луѓето ги мијат рацете доволно долго, 23% не користат сапун, а нешто над 10% воопшто не мијат раце. Ова значи огромен број на бактерии и голема опасност од зараза.
[youtube url=”https://www.youtube.com/watch?v=5bcdM6lTveY” width=”500″ height=”300″]

Според експертите, рацете треба да се мијат 20 секунди, а при тоа посебно внимание треба да се посвети на врвовите на прстите. Ова се деловите од рацете кои најчесто доаѓаат во допир со предметите и другите лица.

За уште неколку интересни факти за миењето на рацете, погледнете го видеото, или прочитајте го транскриптот.

Осумдесет проценти од заразните болести се пренесуваат преку нашите раце, затоа е јасно зошто миењето на рацете е исклучително важно. Но, кога се работи за чистотата, која метода на сушење на рацете е најдобра? Дали да користите хартија за рацете или апаратите за сушење на раце?

Добро е да знаете дека ако ги измиете рацете темелно со сапун, бактериите ќе бидат отстранети од вашите раце, независно од тоа како ќе ги исушите. Но кога нема да ги измиете соодветно, или уште полошо, ако ги измиете само со вода, тогаш, како ќе ги исушите рацете, може да направи голема разлика. Бактериите полесно ќе се прошират од влажни раце, а бришењето на влажните раце од вашата облека или допирањето на вратата од тоалетот, често може да предизвика уште поголемо загадување.

После повеќе истражувања се покажало дека е најдобро рацете да се сушат со хартија. За да се намали влажноста на рацете за 97%, со помош на апаратите за сушење потребни се околу 45 секунди, додека со хартија истото се постигнува за околу 10 секунди. Но истражувањата покажале дека луѓето ги сушат рацете со воздух во просек 22 секунди што ги прави рацете суви помалку од 70%. Од друга страна, со хартија може да се постигне сувост повеќе од 85% за 5 секунди.

Бришењето, исто така игра клучна улога во отстранувањето на бактериите, бидејќи со тоа поголемиот дел од бактериите од рацете се пренесуваат на хартијата. Спротивно на ова, апаратите за сушење всушност може да испуштаат бактерии, поради загадениот воздух во тоалетите. Сепак и покрај тоа, ако рацете се измиени темелно, сушењето со воздух не би требало да претставува некој поголем проблем, доколку добро ги исушите рацете. Но што е поеколошки, ќе се запрашате?

Без сомнение апаратите за сушење се еколошки подобра опција. Не само што не е потребно сечење на дрвја, туку тие всушност и користат помалку енергија и имаат помала емисија на јаглерод. Ако користите хартија за раце, еве еден совет како најбрзо да ги исушите рацете само со едно парче хртија. Откако ќе ги измиете рацете, протресете ги 12 пати, превиткајте ја хартијата на половина и избришете ги рацете. Вака најдобро ќе ги исушите рацете со најмалку хартија.

Прегледи:
840
Објавено на:
01.03.2016