Категории

Како се чува љубовта? – Кога ќе знаеш како да ја заштитиш но и да и пружиш слобода да живее

Мајка и момче шетале по плажа. Во еден момент момчето ја запрашало својата мајка..
– Мамо, како се чува љубовта?
Мајката го погледнала и му одговорила:
– Земи малку песок во дланката и стисни ја тупаницата.
Момчето земало песок и ја стиснало тупаницата и колку повеќе стискало, толку повеќе песокот протекувал низ неа.

– Но мамо, песокот ми бега!
-Знам, но сега целосно отвори ја тупаницата.

Момчето ја послушало, но во тој момент дувал ветер и му го одзел целиот песок од дланката.
– Мамо, сè уште не можам да го задржам песокот.

На тоа, мајката со насмевка на лицето му рекла:
– Сега земи малку песок во твојата рака и држи ја дланката како да е во форма на лажица, доволно затворена за да ја заштитиш од ветрот, и доволно отворена за да биде слободна и да не протекува.
Момчето направи како што му рекла мајката песокот останал на неговата дланка, доволно заштитен од ветрот, и слободен да не се лизга низ прстите.

-Така се чува љубовта!

Прегледи:
655
Објавено на:
22.06.2021