Категории

Како се прошири лажната приказна за поврзаноста на „Црн петок“ со робовладетелството?

„Црн петок“ (Black friday) е првиот ноемвриски петок по Денот на благодарноста кој го одбележуваат попустите на производите и услугите што значи почеток на новогодишните празници и пазарења. На интернет се прошири и неточна приказна која говори дека „црн петок“ потекнува уште од робовладетелското време, кога во петок на плоштадите се продавале робови.

Оваа лажна приказна се прошири заедно со фотографија на српски јазик, а има голем број споделувања.

Во описот на фотографијата пишува:

„Ако некогаш се прашувате поради што денот на попустите се нарекува „црн петок“ и зошто токму во петок се организира тоа, еве го одговорот. Африканските робови биле на продажба во петок по јавните плоштади, по ниски цени. “Historia est magistrae vitae!“

Откако ја провериле фотографијата, се покажало дека станува збор за фотографија од Абориџински затвореници во западна Австралија.

Историјата на „Црн петок“ во 1869:

Употребата на поимот „црн петок“ е забележана во однос на финансиската криза: конкретно падот на златото во САД во 1869. Двајца брокери од Вол Стрит, работеле заедно како би можеле да купат што повеќе злато, надевајќи се дека цената ќе биде огромна и ќе можат да го продадат златото за висока сума. Тој петок, 1869 година заверата е конечно откриена, праќајќи ја берзата во слободен пад со што банкротирале сите на Вол Стрит.

1950:

Во 1950 година, полицијата во Филаделфија го употребила поимот „црн петок“ за да го опише хаосот кој следел ден по Денот на благодарноста, кога голем број на купувачи и туристи го преплавиле градот пред големиот натпревар помеѓу војската и морнарицата, кој се одржувал секоја година по Денот на благодарноста.