Категории

Како се прославува Нова Година ширум светот – Кои земји имаат најчудни обичаи?

Пред околу 4,000 години во древен Вавилон за прв пат била одбележана Нова Година и од тогаш до денес луѓето ја слават ширум планетата со музика, огномет, на улиците и плоштадите или дома.

Processed with VSCO with c1 preset

Секоја земја има свои обичаеи: Шпанците на пример, на полноќ јадат 12 зрна грозје за да бидат среќни сите 12 месеци во годината.

Грците јадат колач во кој се наоѓа паричка и ако таа се најде во третото парче од колачот, таа година семејството ќе има среќа цела година.

Германците не можат да ја замислат Нова Година без огномет и крофни, а Британците се бакнвуаат на полноќ и се во исчекување кој прв ќе им дојде на гости – ако тоа биде машка личност со подароци, ќе имаат среќа цела година.

Јапонците за дочекот на Нова Година започнуваат уште од раните часови со чистење на куќата и симболично ја бришат прашината од минатото и го подготвуваат домот за нова успешна година.
Завршниот чин на прославата во Јапонија е слушање на одѕвонувањето на часовникот кој се огласува 108 пати со што се смета дека несреќата е избркнана и незадоволството и себичноста.

Кинезите за Нова Година сите врати ги украсуваат со црвени украси затоа што црвената боја е симбол за среќа и веселба.
Од домовите се отстрануваат сите ножеви на 24 часа за никој да не се повреди затоа што таа незгода би значела дека таа личност ќе ја спречи семејната среќа во претстојната година.

Во Бразил е обичај за новогодишната ноќ да се носи бела облека за мир и среќа во годината која следи. После прославата со музика, огномет и вечера, Бразилците одат на плажа каде прескокнуваат седум бранови, фрлаат цвеќиња во океанот за во новата година да имаат среќа и пари.

Русите за Нова Година на хартија пишуваат желба, потоа ја палат и ја ставаат во чаша со шампањ која мораат да ја испијат до 12 јануари.

Естонците за Нова Година јадат седум, девет или 12 пати бидејќи тие ги сметаат за среќни броеви – колку повеќе јадат толку повеќе претстојната година ќе им биде бериќетна.

Во Турција традиција е додена ѕвоната не заѕвонат на Нова Година да се посипе сол пред влезната врата што донесува мир на семејството.

Австијците сметаат дека свињите се симбол на среќа па затоа Нова Година ја поминуваат со прасечко и си подаруваат едни на други слатки од марципан или чоколади во вид на свињи.

Французите за Нова Година јадат палачинки, а Данците ги кршат порциите на влезната врата од своите комшии – колку повеќе скршени порции пред вашата врата, толку повеќе среќа во новата година.

Во Италија се смета дека носењето на црвена долна облека на Нова Година ќе ви донесе љубов, напредок и среќа, а во Боливија носат жолта долна облека за да бидат среќни и наредната година, додека во Аргентина розова за да бидат среќни во љубовта.