Категории

Каков е вашиот темперамент според хороскопот?

Оган, Земја, Воздух и Вода – тоа се 4 основни принципи кои даваат печат на нашиот карактер и карактеристики кои ги имаме како личност. Дополнително, тие влијааат и на нашата физичка конституција. Секој од овие елементи опфаќа по 3 хороскопски знаци кои иако се разликуваат меѓусебе, сепак спаѓаат во група каде делат повеќе слични карактеристики.

Припадноста кон еден од  знак или група на знаци значи дека со тоа е одреден и темпераментот на личноста. Според филозофите и психолозите, темпераментот делува на нашата конституција, но и на нашите специфични карактеристики.  Базирано на тоа, групата во која припаѓате може да посочи на одредени здравствени состојби кон кои сте наклонети.

Холеричен (раздразлив тип) 

Ако припаѓате на еден од огнените знаци (Овен, Лав и Стрелец) или поголем број од планетите ви е во овие знаци, вашиот темперамент е холеричен, односно раздразлив, бидејќи реакциите на вашето тело на лековите, болестите и стресот во основа се брзи, акутни или моментални. Вашиот метаболизам го карактеризира интензивна активност : брзо конзумирате и брзо согорувате.

Вие исто така, располагате со огромна виталност и физичка енергија, која мора да научите да ја совладате. Нервозни сте и помалку иритирани, со брзи и груби потези, наклонети кон брзо лупање на срцето, висок крвен притисок и забрзан пулс. Според вашата конституција, повеќето претставници на овој тип се слаби, бидејќи брзо ја согоруваат внатрешната енергија. Обично сте расположени и полни со волја, не плашејќи да се соочите со реалноста и потешкотиите. Доколку е потребно, храбро и свесно го прифаќате своето патење.

На доктор одите само кога се чувствувате навистина лошо и кога ви е неопходна лекарската помош. Во таквите ситуации не ви се потребни зборови на утеха: вие едноставно само сакате да го знаете начинот како подобро да оздравите и што да направите. Поради тоа и ги следите докторските совети.

Ваши слаби точки се органите кои се директно вклучени во создавање и пренесување на енергија, како на пример : системот на циркулација кој го потпомага крвотокот. Ако научите да управувате со вашата енергија на позитивен начин, да се контролирате и да не го ставате своето тело на различни видови напорни тестови, можете да сметате на добро здравје и длабока старост.

Меланхоличен (нервозен) тип

Елементот на Земјата е поврзан со знаците Бик, Девица и Јарец. Тоа е симбол на стабилноста, цврстината и отпорноста. Ако повеќето планети во вашето соѕвездие се во овој знак, вашиот темперамент е меланхоличен. Лицата кои припаѓаат на овој тип, претежно се слаби и само на изглед кревки, бидејќи во суштина располагаат со моќни одбрамбени механизми. Нивните физички реакции се побавни, поради тоа што најчесто склони на хронични отколку на акутни заболувања.

Ако припаѓате на овој тип, не сте премногу наклонети кон социјалните дружби и повеќе сте песимистични и затворени во себе. Склони сте кон поставување прашања врзани за егзистенцијата во широки, светски размери поради што неретко сметате дека сте несфатени и се повлекувате во својот свет. За да ги контролирате своите емоции, често се одлучувате да ги потиснете со желба да се посветите на рационални нешта, со што ризикувате да станете анксиозни.

Вашиот метаболизам е бавен и кај вас многу лесно можат да се создадат наслаги во организмот: може да ви се случи да патите од камен од жолчка или насобрана нервна тензија која на крајот резултира со грчеви и болка во мускулите. Поради  тоа, вашиот темперамент се нарекува и нервозен, поради преовладувањето на нервниот систем над останатите органи.

Вашите најслаби точки се кријат во репродуктивните органи, а особено и во органите за варење и скелетната конституција. Кога ќе се разболите, имате обичај да се консултирате со голем број на доктори преку практични совети кои се во центарот на вашиот интерес. Но, кога ќе наидете на препреки, вие најбрзо ги преминувате од останатите.

Сангвиничен тип

Елементот Воздух е поврзан со родените во знакот на Близнаци, Вага и Водолија. Сангвиничниот темперамент се разликува од останатите по тоа што постојано обрнува внимание на дишењето и бубрезите, бидејќи тие најмногу се поврзани со надворешниот воздух.

Доколку припаѓате на овој тип на темперамент, вашиот карактер не е комплициран: вие сте друштвени, но и малку површни. Потребно ви е постојано да сте во движење, да сте обземени со емоции и различни стимуланси, кои ве одржуваат во живот. Вашиот граден кош е добро развиен, вашите телесни линии хармонични, иако често знаете да претерате со исхраната.

Не ви се допаѓа да се консултирате со докторите и често тврдите дека тие не ви се ни потребни, дури и тогаш кога ќе се разболите. Дури и кога ќе ги консултирате, при првите знаци на подобрување, вие заборавате на нивните совети.

Флегматичен тип

Водата е поврзана со флегматичниот темперамент. Доколку сте родени во знакот на Рак, Скорпија или Риби, вашата личност се карактеризира со овој темперамент. За вашата физичка рамнотежа, од најголемо важност се расположението и телесните течности се од најголема важност, а во најголема опасност се вашите органи за варење.

Во суштина, вие сте многу емотивни и рецептивни, па поради тоа сте наклонети кон психосоматски болести. Кај вас постои мала забавеност на ендокриниот систем и функционирањето на хипофизата, вашите раце често се потат, бледи сте во лицето, а вашите мускули се опуштени. Пулсот има тенденција да биде послаб, додека пак притисокот и температурата на телото, пониска од нормалната. Патите од анемија и имате поголем број на бели крвни зрнца од вообичаено.

Вашиот метаболизам е бавен, а вие многу тешко поднесувате физичка болка. На вам е многу лесно да се влијае, поради психоаналитичките техники, но не обрнувате многу внимание на методите за лечење.

Прегледи:
461
Објавено на:
18.07.2016