Категории

Каков тип маж барате (и заслужувате) во склад со вашиот хороскопски знак?

Лав: Кокетен маж

Лавот ја цени лојалноста и мотивираноста. Ако неговата друга половина ги нема тие особини, нивната врска многу брзо ќе се распадне. Жената Лав ќе бара маж кој е едноставен како неа. Таа сепак не е сосема сериозна. Жената Лав сака и партнер кој е великодушен и знае да кокетира.

Девица: Трпелив маж

Девицата е еден од знаците кој најмногу размислува и е најтаинствен. Таа никогаш не се отвора брзо пред другите, поради што односите со неа понекогаш знаат да бидат тешки. Тоа е причината поради која Девицата сака маж кој ќе бие трпелив. Доколку тој може да чека, Девицата ќе направи сѐ што е во нејзина моќ за неговото чекање да се исплати на крајот. Таа исто така сака некој кој стои цврсто со нозете на земја, некој кој ги поддржува нејзините избори, бидејќи на Девиците им е потребно многу време за интроспекција.

Вага: Лојален маж

Вагата е позната по својата тврдоглавост. Таа е многу логична, што значи дека секогаш ја анализира ситуацијата. На неа ѝ одговара верен и прилагодлив маж. Вагата сака некој кој е супер комуникативен, некој кој нема да биде нејасен кога се работи за важни работи.

Скорпија: Страстен маж

Скорпиите се исклучително интензивни и страсни. Понекогаш се наоѓаат во неволја, бидејќи ќе направат нешто несериозно, а дури потоа ќе размислат за последиците. Мажите кои можат да се мерат со страста на жената Скорпија, брзо ќе остварат длабока врска со нив. Жената Скорпија исто така сака некој забавен и трпелив, особено кога ќе започнат неволјите. Потребно е време пред да започне да ѝ верува на другата личност.

Продолжува на страна: 1 2 3

1 2 3

Прегледи:
1392
Објавено на:
21.03.2017