Категории

Каква иднина ќе имаме зависи од нас, граѓаните – онлајн настан за промоција на 40-тиот број на Лице в Лице

Одговорноста за општествени промени е кај граѓанинот, во неговите вредности, ставови и во неговиот раст, се заклучи, меѓу другото, на онлајн настанот „Лице в лице со новата Земја – соочување“, кој се одржа завчера по повод промоцијата на новиот, 40-ти број на уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“ на платформата „Зум“.

На интерактивна средба со гости говорници и публика, учесниците зборуваа за личните и професионални предизвици пред кои сме исправени во овој период на пандемија.

„Периодот што го живееме е крстопат. Можеме да одбереме да се `смрзнеме`, да се исплашиме и затвориме во себе или можеме да одбереме да бидеме повеќе со себе и од таму да го извлечеме капацитетот да се отвориме кон другиот, кон солидарноста и кон потребата гласно, како граѓани да побараме активности за одржливи резултати од институциите, од бизнисите, но и од сограѓаните“. Цитирајќи го Ото Шармер, економистот и социологот од Институтот за технологија во Масачусец, агендата на настанот ги отвори темите за одговорноста на граѓаните, институциите и бизнисите и го потенцираше феноменот на миграција кон рурални средини, на себеосвестување и на потребата да се комуницира на ниво на вистинските потреби наместо на ниво на дневни медиумски и политички шпекулации.

 

 

View this post on Instagram

 

Во период кога светот се соочува со многу предизвици ние одбравме да говориме за промени. Како промоција на 40-тото издание на Лице в Лице вчера, на 23-ти јуни, се одржа интерактивна средба со гости говорници и публика, учесниците зборуваа за личните и професионални предизвици пред кои сме исправени во овој период на пандемија. Низ инспиративен разговор се изведе главниот заклучок е дека одговорноста за општествени промени е кај граѓанинот, во неговите вредности, ставови и во неговиот раст. Наши гости говорници беа Сергеј Ѓеоргиев, режисер на „Виа Динарика“ Тамара Котевска, корежисерка на „Медена земја“ Олга Рајчиќ коосновачка на „Челинџер“. Додека пак публиката, во интерактивните сесии споделуваше дека сè почесто е соочена со потребата од промената на начинот на живот, за периодот на пандемијата кој значително нè сврте кон себеси. На настанот беше промовирана и видео нарацијата „Рестарт“ која ја изработи театарската група „Пресврт“, а чија цел е доближување на суштинските ставови на значајни светски имиња – нобеловецот Мухамед Јунус, историчарот Јувал Ноа Харари и економистот и социолог Ото Шармер за насоката во која што треба да се движи светот после пандемијата. Продавачите на „Лице в лице“ од Скопје, Неготино и од Струга се обратија на присутните, споделувајќи енергија која ја обединува заедницата на уличното списание и ја движи кон промени неопходни за општество со еднакви можности за сите. Најновото 40-то издание на „Лице в лице“, посветено на бизнисите, лидерството, на институциите и на граѓаните од иднината, носи и содржини кои се врзани за многу иницијативи кои се појавија како резултат на ефектите од Ковид 19, написи за важноста од руралниот развој и социјалната економија, за потребите од нов модел на образование, и уште многу други четива подговени од визонери – соработници на „Лице в лице“. Добиј го твоето електронско или печатено издание преку 👉 https://bit.ly/2UUpcvh #ЛицеВлицеСоГраѓаните #NordicSupport #zoom #onlinemeeting #licevlice #facetoface #лицевлице #zoomevent #streetmagazines #community #societalchange #socialeconomy #socialbusiness #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонаденот #ЛицевлицеСоГраѓаните #NordicSupport

A post shared by Лице в лице (@licevlice) on

– Моќта за промена на општеството е информирани и активни  граѓани. Граѓани кои не се стадо, туку збир од силни индивидуалци свесни за својата моќ.  Таквите граѓани ќе придонесат до создавање посилни институции кои се во нивна служба и на поодговорни бизниси  со тоа што ќе купуваат производи и услуги од бизнисите кои што својот бизнис модел го креираат одговарајќи и на предизвиците на општеството и планетата, а ќе ги истиснуваат оние кои што се заглавени во максимизирање на профтот со правење значајни штети за општеството и за природата – нагласи Климентина Илијевски, извршна директорка на „Паблик“ и главна уредничка на „Лице в лице“

Гостите на настанот, корежисерката на „Медена земја“, Тамара Котевска, коосновачката на мобилната апликација „Челинџер“, Олга Рајчиќ и режисерот Сергеј Ѓеоргиев, споделија поинаков светоглед, од позиција на млади луѓе кои креираат, иновираат и влијаат на нашето заедничко, подобро „утре“.

Котевска, која изминатава година имаше бурна година, полна со возбудливи патувања, награди и успех на „Медена земја“, зборуваше за тоа колку таа, во овој период, успева да ја согледа микро промената кај себе и како таа лична промена може да влијае на поширокиот систем, зашто освестени, задоволни од себеси, активни граѓани, значат и освестено и силно општество:

– Јас дојдов до едно затишје кое, ми беше повеќе од добредојдено. Така, дојдов до три точки кои ми се многу важни – мир, соочување и растење. Мораме да си дадеме време за еден ваков процес на интроспекција. Од него се раѓаат вистинските одлуки – рече Тамара, која овој период е посветена и на ново филмско остварување и дополни дека неопходно е човекот постојано да се преиспитува за чекорите што ги презема и да делува од позиција на вредностите.

Рајчиќ пак, сподели за тоа како тимот на „Челинџер“ ја измени апликацијата прилагодувајќи ја на спецификите на периодот на пандемијата, притоа одговорно пристапувајќи на потребите на општеството. Прашана како таа гледа на бизнисменот на иднината, одговори:
– Бизнис лидерот и граѓанинот се едно исто. Кога бизнисмените ќе почнат да размислуваат од позиција на граѓани, тогаш ќе ги имаме бизнис лидерите од иднината. Не може вредностите да ги носиме како граѓани, , а како бизнисмени да не се водиме од нив – рече Рајчиќ, појаснувајќи дека нејзиниот став е дека промените во една држава не можат да се случат без бизнис секторот.

Ѓеоргиев, се осврна на искуството со документарниот филм „Виа Динарика – македонската авантура“, чии инспиративни кадри укажуваат на важноста на туризмот, на локалните заедници и нивниот одржлив развој, на потребата да се вратиме на заборавените потенцијали што ги има нашата земја.
– Секоја земја има убави пејсажи или друг вид природна убавина. Со овој филм, се надевам влеговме подлабоко во оригиналната убавина на луѓето кои  ги оставиле своите животи во урбаната средина и се посветиле на животот на село, обидувајќи се, преку страста што ја имаат за природата, за таквиот начин на живот да преживеат. Луѓето со страст кон нешто секогаш се инспирација, а секој може да направи микрочекори и да ги посведочи своите вредности преку делата што ги прави- вели тој.

Публиката пак, во интерактивните сесии споделуваше дека сè почесто е соочена со потребата од промената на начинот на живот, за тоа дека многу луѓе бараат викендички и куќи на село, а периодот на пандемијата значително нè сврте кон себеси, па многумина од нас најдоа време за физички активности, за создавање мини градини…
На настанот беше промовирана и видео нарацијата „Рестарт“ која ја изработи театарската група „Пресврт“, а чија цел е доближување на суштинските ставови на значајни светски имиња – нобеловецот Мухамед Јунус, историчарот Јувал Ноа Харари и економистот и социолог Ото Шармер за  насоката во која што треба да се движи светот после пандемијата.
Продавачите на „Лице в лице“ од Скопје, Неготино и од Струга се обратија на присутните, споделувајќи енергија која ја обединува заедницата на уличното списание и ја движи кон промени неопходни за општество со еднакви можности за сите.

Најновото 40-то издание на „Лице в лице“, посветено на бизнисите, лидерството, на институциите и на граѓаните од иднината, носи и содржини кои се врзани за многу иницијативи кои се појавија како резултат на ефектите од Ковид 19, написи за важноста од руралниот развој и социјалната економија, за потребите од нов модел на образование, и уште многу други четива подговени од визонери – соработници на „Лице в лице“.

„Лице в лице“ е единственото улично списание кај нас и е едно од пионерските социјални претпријатија во земјава. Списанието овозможува  работна интеграција на потешко вработливи сограѓани. Еден број чини 100 денари, а половина е заработка за продавачот.