Правењето на тетоважа е еден вид на доживотна одлука, па ако сакате да се чувствувате добро со она што ќе го претставува таа за вас, еден од начините да ја одберете вистинската тетоважа е според астрологијата, која ќе го претставува вашиот карактер.
Овен
За тетоважата да се поклопува со вашата храброст и енергија, одберете стрелки. Тие имаат јасно зацртана цел, исто како и вие.
Вашиот натпреварувачки дух, исто така одговара на пчелите, па и овој симбол добро ќе стои на вашата кожа.
Бик
Вие го сакате убавиот живот и не се чувствувате виновно кога се препуштате на задоволствата, како скапи одмори (бидејќи ги заслужувате). Палмата го претставува тоа чувство на награда и задоволство.
Исто така, вие сте неверојатно чувствителни и романтични, а вашиот врат е важно место на вашето тело, па и тетоважата на вашиот врат која ќе ги поттикнува вашите чувства е исто така добра идеја.
Близнаци
Вие сте подготвени да одлетате во секој момент, без разлика дали тоа е во вашите мисли или во реалниот свет, а таа променливост ве прави многу слободни личности. Птици, крилја и пердуви кои ја претставуваат слободата и лесниот дух се одличен избор за вас.
Бидејќи ја сакате двојноста и ги гледате работите од повеќе страни, исто така можете да направите тетоважа која претставува две различни работи одеднаш, па дури и бела тетоважа за да бидете поразлични од другите.