Јарец
Бидејќи сте знак кој го отсликува постојаноста, како и одлучноста, напорната работа и посветеноста кон остварувањето на целите, вашите тетоважи не служат толку како потсетници, туку како јасни декларации за суштината на вашиот карактер. Високо дрво, корени и некој збор со значење – се тетоважите за вас.
Водолија
Хуманитарецот во вас сака да го направи светот подобро место за живеење, а со вашите јасни визии за подобро општество, вие сфаќате дека сите луѓе во светот се поврзани. Тетоважа која би одговарала на ова е мандалата, симболот на универзумот или дизајн кој ќе ве потсеќа на дивината.
Риби
Бидејќи вие сте воден знак, најчесто е тешко да ве смират. Вие сте нежни и сакате да сонувате, а имате и романтична страна, па тетоважите како еднорози, пеперутки и егцентрични дизајни се вашиот избор.