Категории

Какво моливче за веѓи користела Фрида Кало?

Фрида Кало беше позната по нејзините веѓи, и сега конечно се дозна за тоа кое моливче го користела за да ги нагласи.

Споените веѓи традиционално се сметаат за непривлечна карактеристика на лицето на жената, но Фрида Кало гордо ги носеше и го искористи тоа како уште еден начин да им се спротивстави на воспоставените стандарди на убавината и строгото патријархално општество.

Подоцна оваа година во лондонскиот музеј Victoria & Albert ќе биде отворена изложба за познатата мексиканска уметничка, а ќе го има и моливот за веѓи што го користела.

Тоа е моливче за веѓи на Revlon, со кое Кало дополнително ги наглаувала своите прекрасни веѓи. Моливчето ќе биде изложено во оригинално пакување со повеќе од 200 други предмети кои и припаѓале на Фрида како што се накит, облека и шминка.

Оригиналното моливче на Revlon веќе не во производство, но според истражувањата на Refinery29 се дозна дека Soft Black Colorstay Pencil што Revlon се уште го нуди, е многи слично со истото.

Прегледи:
814
Објавено на:
22.03.2018