Категории

Какво значење има бројот на лајкови на вашите Фејсбук објави?

Колку лајкови собираат вашите објави на Фејсбук? Сигурно сте забележале дека на некои објави имате повеќе од 100, а некои добиваат одвај по 1 лајк. Дали сте се запрашале зошто е тоа така? По извршената кратка анализа следуваат следниве статистички податоци кои ја откриваат вистината зад бројот на лајковите на секоја објава.

0 лајкови – Немате пријатели.

1 лајк – Многу си ги сакате вашите објави.

2 лајкови – Вие и мајка ви ги сакате вашите објави.

2 до 5 лајкови – Се обидувате да изгледате паметно со тоа што објавувате вести и коментирате нешто од типот: „Ова го има само кај нас…“ или „Мојата чудесна земја Македонија“.

5 до 10 лајкови – Објавувате некој смешен статус.

10 до 15 лајкови – Објавувате смешна реченица украдена од некој комичар.

15 до 20 лајкови – Објавувате нејасно спиритуално размислување кое покажува колку сте во допир со себеси.

20 до 25 лајкови – Објавувате политички потковано мислење.

25 до 50 лајкови – Објавувате селфи.

2-kakvo-znachenje-ima-brojot-na-lajkovi-na-vashite-objavi-

50 до 75 лајкови – Објавувате селфи со убава позадина во природа.

100 до 200 лајкови – Објавувате селфи во сала за вежбање.

200 до 300 лајкови – Сте посвоиле куче.

300 до 350 лајкови – Кучето умрело.

350 до 400 лајкови – Сте добиле свршенички прстен и сте кажале „Да“.

400 до 450 лајкови – Сте дипломирале.

500 до 1.000 лајкови – Вие сте професорка во средно училиште.

Над 1.000 лајкови – Вие сте најпопуларната средношколка со извадок од некоја популарна песна во описот на сликата.

Над 10.000 лајкови – Разголените фотографии се секогаш добредојдени.

Прегледи:
420
Објавено на:
21.07.2016