Категории

Кање бараше милијарда долари од Цукерберг, еве што тој му одговори!

Кање Вест неодамна јавно го замоли основачот на Фејсбук да му пружи финансиска помош, односно да му донира милијарда долари за да може да ги реализира своите уметнички проекти. За жал, изгледа дека Цукерберг има попаметни работи.

Кање ја шокираше јавноста со објавата дека должи 53 милиони долари, а решението за своите проблеми одлучи да го побара кај еден од најбогатите луѓе на светот.

“Знам дека ти е роденден, но можеш ли да ме побараш до утре? Ти сакаш хип-хоп, ја сакаш мојата уметност, јас сум твојот омилен изведувач, но ти ме гледаш како одвај дишам додека го слушаш мојот албум во својот дом”, му порача Кање на Цукерберк преку социјалните мрежи.

Цукерберг не му одговорил директно на прашањето, но на суптилен начин му порача дека не сака да има ништо со него.

Како што пренесуваат медиумите, Стив Грим, програмер кој работи во Фејсбук, напишал статус со кој му се потсмева на Кање, а Цукерберг го “лајкнал” истиот.

“Драг Кање Вест, доколку бараш милијарда долари од основачот на Фејсбук, можеби тоа не треба да го правиш преку Твитер”, гласел статусот, кој во меѓувреме бил избришан.

Прегледи:
373
Објавено на:
19.02.2016