Поради големата заинтересираност за концертот на Каролина и Македонска филхармонија и распродадените билети за првите два концерти, на задоволство на публиката Авалон Продукција најавува уште два завршни концерти на 20. и 22. февруари, на исто место.
Фотографија: Стефан Рајхл
„Овие концерти претставуваат пресек во кариерата на Каролина и веруваме дека ќе биде вистинско задоволство да се види и слушне како тоа ќе изгледа заедно во комбинација со оркестарот на Македонската филхармонија“, велат од Авалон Продукција.
Влезниците по цена од 1.000 денари се веќе во продажба онлајн на avalon.mk и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија.