Категории

Ќерката на супермоделот Кејт Мос тргна по стапките на мајка си, а нивната сличност е неверојатна

Прекрасната ќерка на Кејт Мос, Лајла Грејс Мос – Хак, оди по стапките на својата мајка, а тоа совршено и прилега. 

Нејзиниот потенцијал за топ модел е очигледен, бидејќи на црнобелите фотографии кои мајка и ги сподели на социјалните мрежи таа е копија на својата мајка.

Долги години беше далеку од очите на јавноста, но сега позира без шминка, со залижана коса и природа убавина, и тоа за фотографии за модната агенција на својата мајка, со која неодамна потпиша договор

Лајла минатата година стана заштитно лице на  Marc Jacobs Beauty, а се очекува да го достигне нивото на супермодел.

„Кога ја запознав Лајла Мос во 2008 година бев на одмор на Ибица и имавме закажано средба со мајка и и пријатели. На 6 годишна возраст таа имаше силен карактер и однесување, и неверојатна убавина со која веднаш оставаше впечаток.“ раскажува дизајнерот.

„Следен пат ја видов во 2011 година, на свадбата на Кејт, а нејзината убавина и став беа уште повпечатливи.“

„Дел сум од овој свет од мали нозе и секогаш ми бил во полето на интерес“ изјави Лајла во неодамнешно интервју за Алур. „Кога ја имав првата фотосесија уживав, сакав тоа да го правам повторно.“

Таа додава дека е одлично да ја имаш Кејт за мајка, секогаш и помага и ја советува, и е одличен гуру за убавина и мода.