Кик боксот е боречки спорт кој настанал врз основа на боксот, каратето, теквондото, кунг фу и други повеќе или помалку познати боречки спортови. Основната цел на борецот е да го надвладее противникот преку користење на подобра техника, брзина и сила со максимална сигурност, толеранција, чесност и чест. Овој спорт е најпопуларен во земјите од западната хемисфера.
Во кик боксот се користи максимална лична заштитна опрема која се состои од кацига, штитник за заби, штитник за гради (за жени), штитник за гениталии, ракавици, штитник за потколеници, обувки со мек ѓон.
Историјата и настанувањето на кик боксот може да се прати од самиот почеток. Во педесеттите години од минатиот век, човекот по име Осаму Ногучи бил истакнат боксер во Јапонија. Го пропатувал светот и учествувал на многу боксерски мечеви и мечеви во Тајландски бокс (каде што многу се користи боксерската техника)
View this post on Instagram
Истовремено човекот по име Тацуо Јамада (творецот на Нихон Кемпо Карате – до) се заинтересирал за Тајландскиот бокс. Како и Осаму Ногучи, така и Тацуо Јамада се се обидел да најде форма на борба во која противниците би имале поголем физички контакт во однос на каратето, каде што се бодува техниката на поентирање (без вистинки контакт).
Во 1959. година, Тацуо Јамада создал боречка вештина која ја нарекол „Карате Бокс“ Популарноста на карате боксот не била голема, со оглед на тоа дека овој спорт во моментот бил непознат. Осаму Ногучи бил тој кој го смислил терминот Кикбоксинг.
View this post on Instagram
Тацуо Јамада и Осаму Ногучи биле едни од ретките луѓе кои биле заинтересирани за развојот на боречките спортови. Заедно организирале мечеви каде што противниците се бореле со контакт (како кај Таи боксот). По одржаните натпревари кик боксот доживеал голема популарност.
Иницијалниот развиток на кик боксот го среќаваме во Јапонија. Како специфична боречка вештина, инспириран е од Маи Таи, боречка вештина од Тајланд.
Називот кик бокс го смислил јапонскиот промотер на боксот, Осаму Ногучи како варијанта од Маи Таи и Карате. Во 1966. година, Осама Ногучи го организирал првото натпреварување во Осака. Во почетокот на седумдесеттите години во изминатиот век, терминот „Кик бокс“ бил прифатен и во САД.
View this post on Instagram
Мајк Андерсон на 14. 09. 1974. година во Лос Анџелес го организирал првото професионално првенство во светот со целосен контакт (full contact) на кое успеал да ги собере сите најдобри борци во тоа време и да настапат на светската спортска сцена во голем стил. Со тој настан е роден еден нов, атрактивен боречки спорт кој многу бргу добива свои љубители ширум Америка и Европа.
View this post on Instagram
Кик боксот е благородна вештина која истовремено го зајакнува и духот и телото на оној кој ја практикува. Доколку сакате динамичен спорт во кој ќе имате можност да ги докажете своите капацитети, брзина, дисциплина тогаш бидете дел од КБК Работнички Адора – каде што имате можност да тренирате Функционален Фитнес и Burn it up, а од неодамна и група за деца кои од најмлади години сакаат да се запознаат со кикбоксот и сите благодети кои ги носи спортскиот живот.