Американските медиуми пренесуваат дека на пат е принова во “кланот” Кардашијан.
Имено, откако Ким имаше две комплицирани бремености, и беше забрането понатаму да раѓа заради опасност по нејзиното здравје и живот. Неодамна се шпекулираше дека Ким и Канје бараат сурогат мајка за нивното трето дете, а последните вести информираат дека сурогат мајката е во нејзините 20-ти години и е од Сан Диего. Парот ја нашол преку агенција која се занимава со сурогатство, а таа сега е во третиот месец од бременостс.
Родителите на 4 годишната Норт и 19 месечниот Сеинт, се согласиле да платат 45 илјади долари, а се ова е дополнително на 68,850 долари кои се платени на Агенцијата.
Ким често говореше дека сака да има големо семејство, заради тоа што таа самата пораснала во големо семејство. Сега нејзината сурогат мајка е на строг режим кој опфаќа посебен животен стил и исхрана. Па понатаму останува да видиме дали оваа информација е точна и кога ќе пристигне приновата во семејството.