Славниот пар кој е секогаш во центарот на вниманието каде и да се појави и овој пат не изостана во тоа „крадејќи го светлото“ на венчавката на нивниот близок пријател Дејв Грутман сопственик на ноќен клуб во Мајами. Ким блескаше во црна тоалета од чипка и свила со длабоко деколте комбинирајќи го со дијамантска огрлица и црни сандали, додека Канје за момент ги изостави неговите комфорни “baggy” парчиња од неговата колекција, и облече елегантен смокинг, но тоа не беше единствениот миг кога тој го украде вниманието на сите.. Во текот на вечерта тој го зеде микрофонот и одржа говор во чест на младенците.
На свечената забава присуствуваше и нејзината постара сестра Кортни која исто така воодушеви во прекрасна црна чипкана тоалета кој откриваше доста многу, во нејзина придружба се појави нивниот близок семеен пријател Џонатан Чибан.