Категории

Ќе се напиеме ли по една? (видео)

Доколку некогаш сте гледале барем една епизода од некоја емисија со Бер Грилс, сигурно сте забележале дека ја пие сопствената урина.

Иако знаеме дека славниот авантурист прикажува преживување во екстремни услови, каде пиењето на сопствените телесни течности би било нормално, не можеме а да не се запрашаме “дали навистина мора да го направи тоа, ете и камерманот е со него, најверојатно понел ранец, во ранецот шишенце со вода…”.

Сепак, има луѓе кои не се Бер Грилс, не се фрлени од хеликоптер во пустината и оставени на милост и немилост на мајката природа, па сепак го прават тоа. Поради фора. Пред камерите.

Погледнете како изгледа подготовката, “чашата” од која се пие овој топол напиток и што на крај кажуваат како заклучок…

Прегледи:
509
Категории:
Занимливости
Објавено на:
06.01.2016