Категории

Клои Кардашијан позира топлес додека е во осмиот месец од бременоста во нејзините Good American џинс

Секоја од сестрите Кардашијан има свој бизнис, а Клои го започна брендот Good American, џинс за девојките со облини. 

Секогаш била крупна и со облини, а денес ретко кој се грижи сите типови на тело да го добијат својот џинс. Тоа е главната причина заради која Клои ја започна приказната Good American. 

33 годишната ѕвезда е во осмиот месец од бременоста, нејзиното прво дете, кое инаку е женско, се очекува да пристигне за три недели. Тоа не ја спречи Клои да позира топлес во новиот модел на џинс за трудници кои треба да искочи деновиве.

Позирајќи топлес, таа го покажа големото меше и го најави излегувањето на колекцијата Good Mama, која ќе излезе во продажба денес на 15-ти март.

Прегледи:
359
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
15.03.2018