Категории

Книга на неделата: „Има нешто магично во Сен Тропе“ нова книга на Елизабет Адлер

Елизабет Адлер е англиска писателка и бестселер автор на љубовни романи и љубовни тирлери. Родена е во 1950 година во Јоркшир, Англија, а пишувала мини крими приказни уште во училиште.

До сега македонската читателска публика имаше можност да прочита многу дела на оваа авторка, заедно со неа патувавме во Тоскана, Венеција, Барселона, Капри, Монте Карло…сите интересни приказни исполнети со возбуда, мистерија, љубов. Сега започнуваме ново патување со Елизабет Адлер, одиме во Сен Тропе, бисерот на јужна Франција.

 

Во Лондон го запознава нејзиниот сопруг, Ричард, млад американец и ТВ лице, набрзо оди со него во Рио, но тука почнува нивната љубов и нивното патешествие низ светот. Живееле на различни места низ светот, Бразил, Калифорнија, Лондон, Прованса, Париз, Даблин…

Откако нејзината ќерка оди во интернат, таа се посветува на пишувањето. „Леони“ е нејзината прва историска романса, која ја пишувала во Париз и во јужна Франција. Има напишано повеќе од 30 романи, од кои голем број се на листата на најпродавани книги.

Позната е по тоа што пишува за местата кои ги посетила, а многу од нејзините ликови имаат прототипи од нејзиното семејство, роднини или личности кои ги среќава во животот.

Таа живее во Палм Спрингс, себе си се опишува како голем љубител на патувања, обожава да готви и ги обожава нејзините мачки.

Новата приказна на Адлер е за пет меѓународни туристи, кои не се познаваат меѓусебно и се среќаваат во малиот Хотел од соништата сместен на крајбрежјето на Сен Тропе. Хотелот од соништата им изгледаше како совршено место за одмор на приватниот детектив од Малибу, Мек Рејли и неговата девојка Сани Алварез. Од самиот почеток Мек и Сани ќе се вклучат во решавање на проблемите на останатите членови од групата на измамените туристи, откривањето на мисте- ријата околу украдените уметнички дела и убиството наспроти убавините и гламурозноста на сончевиот Сен Тропе.

Оваа авантура исполнета со напнатост, страст и измама, а потоа следат една голема кражба на уметнички дела, едно убиство и едно прогонство, е уште еден хит од Елизабет Адлер кој брзо се најде на листите на најпродавани книги.

Оваа книга промоцијата ќе ја има на 27-ми март во книжарницата Култура, кога ќе може да се купи по поромотивна цена, а воедно ќе бидат намалени и другите книги на авторката.