Категории

Книга на неделата: Промоција на „Небото над реката Чарлс“ нов роман на Катерина Серафимовска

Промоцијата на новиот роман во издание на Култура од авторката Катерина Серафимовска ќе се денес во книжарницата Култура со почеток од 18 часот. 

„Небото над реката Чарлс“ е третот роман во издание на Култура од авторката Катерина Серафимовска.  По фантастичниот успех на „Насмевка со цимет“ и „Поглед полн синило“, авторката нѐ води на џез патување покрај брегот на реката Чарлс во Бостон.

Љубов исполнета со музика, радост на сите сетила за читателот, за која веруваме брзо ќе стане омилена кај читателите.

Авторката ќе биде гостинка во нашата книжарница и во сабота, 24-ти март, од 12 до 14 часот и тогас читателите ќе имаат можност да добијат потпишан примерок од новата книга. Воедно, во промотивните денови од среда до сабота, новата книга на Катерина Серафимовска ќе може да се купи со промотивен попуст од 15%, додека другите две изданија од авторката ќе бидат на 20% намалување.

Извадок:

„Мелодијата звучеше како страстен шепот на љубовници. Акордите виртуозно се судираа и меѓусебно се преплетуваа, боејќи ми ја душата со занес… Неговата соло-точка беше волшебно убава, на еден таинствен и невообичаен начин. На некој начин, музиката што тој ја свиреше беше брутално искрена. Беше натопена со љубов и со многу тага, сето тоа измешано наеднаш. Беше необично носталгична, ама моќна и вознесувачка.“